ECOLOGISTS' MOVEMENT OF MACEDONIA - DEM

Vasil Gjorgjov Street, 39/6
1000 Skopje, Macedonia
tel/fax: +389 2 220-518 dem@dem.org.mk

Links

www.travel2ohrid.com

Travel2ohrid offer private and Hotel accommodation in Ohrid, R.Macedonia. Apartments, rooms for rent, if you plan to visit beautiful city Ohrid.

solutions-flex.com

Welcome in the new era of technology,don't waste your time take this opportunity and let we be those who guide you.


ПРОМОВИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО СО ВИСОКИ ПРИРОДНИ ВРЕДНОСТИ И АГРО-ЕКОЛОШК ПЛАЌАЊА ПРЕКУ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

На 3-ти декември 2011год. се одржаа средбите на Проектната управна група и на Мрежата за креирање на политики во рамките на проектот "Промовирање на земјоделството со високи природни вредности и агро-еколошк плаќања преку граѓанските организации во Македонија". Целта на овие средби беше презентација на проектот со постигнатите резултати во втората година од неговата реализација, презентација на Предлог мерки за политики кои го поддржуваат ВПВ земјоделието во областите каде се работени студии на случај од д-р Сузана Кратовалиева и активностите кои ќе се реализираат до крајот на проектот. Лидерот на проектот Вјара Стефанова ги презентираше предлог директните плаќања и рурален развој за периодот 2014 до 2020год. во рамките за Заедничките земјоделски политики на ЕУ.

На крајот од средбата присутните дискутираа за предлог мерките за политики кои го поддржуваат ВПВ земјоделието во областите каде се работени студиите на случај со цел истите да се надополнат.

Следни активности кои треба да се реализираат се: Подготовка на Прирачник за Високо природни вредности во Македонија – со вклучување на сите клучни проектни резултати/заклучоци на македонски и англиски јазик Ќе следат уште по еден состанок на Проектната управна група и Мрежата за креирање на политики

Ширење на проектните резултати – со организирање на тркалезни маси, прес конференции, манифестации Комуникациска кампања во организација на ДЕМ и локалните НВО членки, со цел да се промовираат "скриените вредности" на традиционалното неинтензивно земјоделие, во Македонија

Текстот го подготви
Руска Мицева