ECOLOGISTS' MOVEMENT OF MACEDONIA - DEM

Vasil Gjorgjov Street, 39/6
1000 Skopje, Macedonia
tel/fax: +389 2 220-518 dem@dem.org.mk

Links

www.travel2ohrid.com

Travel2ohrid offer private and Hotel accommodation in Ohrid, R.Macedonia. Apartments, rooms for rent, if you plan to visit beautiful city Ohrid.

solutions-flex.com

Welcome in the new era of technology,don't waste your time take this opportunity and let we be those who guide you.


Проект "Промовирање на земјоделството со високи природни вредности (HNV) и aгро-еколошка наплата преку граѓанските организации во Македонија"

Проектот се спроведува заеднички од страна на Движењето на екологистите на Македонија - ДЕМ и Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ), во соработка и со поддршка на две меѓународни невладини организации – Авалон од Холандија и Институтот за европска политика за животната средина (IEEP) од Велика Британија.Проектот се фокусира врз позитивните придобивки од одредени видови на земјоделство во Македонија, заради заштита на нашите вредни живеалишта и важните видови од растителното и животинското богатство.

Во изминатиов две годишен период (2010-2012) во проектот се работеше на:

Постерите можете да ги превземите тука



• Претставување и примена на концептот на земјоделство со "Високи природни вредности" (HNV) на различни видови на земјоделство присутни во Македонија;
• Подигнување на свеста за важноста на земјоделството со високи природни вредности заради зачувување на биолошката разновидност;
• Превземање на првични чекори кон помагање, поддржување и охрабрување за продолжување на постоењето на земјоделските системи со високи природни вредности, кои се наоѓаат во многу региони на нашата земја.

Активности и постигнати резултати во периодот 2010-2012 година

• Направен е тренинг на локалните партнери (ДЕМ и ЦГИ) и локалните експерти за сите аспекти на концептот земјоделство со ВПВ, вклучувајќи ги и ЕУ политиките за рурален развој;
• Постигнат резултат: Обучени се 33 учесника, претставници на 18 НВОи и 10 локални експерти;
• На првичниот состанок за запознавање со проектот и концептот, присуствуваа 70 претставника од министерства (МЗШВ, МЖСПП), научни институти, лаборатории, јавни претпријатија, агенции, факултети, НВО, новинари.
• Подготвена е студија за земјоделството со ВПВ во Македонија - вклучувајќи го и развојот на едноставна типологија на системот на одгледување, направена е предлог карта на ВПВ обработливо земјиште и четири локални студии на случај на економски системи со ВПВ, вклучувајќи идентификација на нивниот биодиверзитет и други "скриени вредности".
• Постигнат резултат: Стидиите на случај се работени за следниве региони: Лакавица – штипско; Мариово – битолскиот дел; Рекански крај – Маврово и дополнително е направена и студија и мапа за Раткова скала – во близина на Пробиштип.

• Беа реализирани локални семинари со земјоделците во избраните ВПВ земјоделски области за да:
а) се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат и
б) да се подигне свеста за можностите за подобрување на нивната егзистенција
• Постигнат резултат: Од 26-28 ноември 2010 посетени се фаремрите во с.Лакавица, с.Старавина-Мариовско и с.Ростуше-Рекански крај, Маврово. На овие средби зедоа учество вкупно 59 земјоделци.
• Во тек (од 26-31 март 2012) се и средби со претставници од различни целни групи (земјоделци, асоцијации на фармери и други НВО, локални претставници на државни институции, на локална самоуправа, медиуми). Овие средби се оджаа на 6 локации во Македонија (Пехчево, Пробиштип, Лакавица – штипско, Новаци, Ростуше и Охрид).
• Воспоставена е "Проектна управна група" (на високо меѓуминистерско ниво, во која членуваат претставници од МЗШВ и МЖСПП, претставник од амбасатата на Холандија, претставници од организациите/национални координатори-ДЕМ и ЦГИ и претставник на AVALON);
• Постигнат резултат: во изминатиов две годишен период реализирани се 2 средби на оваа група. До крајот на проектот планирана е уште една средба.
• Исто така формирано е уште едно тело - "Заедничка политичка мрежа на земјоделството со ВПВ" – во кое се вклучени владини претставници (од секоторите за земјоделство, екологија, регионален развој, социјална заштита), невладини организации и други клучни чинители, кои се заинтересирани или на непосреден начин се инволвирани во земјоделството;
• Постигнат резултат: во изминатиов две годишен период реализирани се 2 средби на оваа група. До крајот на проектот планирана е уште една средба.
Овие две тела одржуваат редовни состаноци во текот на реализиацијата на проектот, со цел да се информираат за напредокот на активностите и да дадат свои мислења, препораки и сугестии во дефинирањето на документите кои се продукт на овој проект, како и на следните активности;
• Идентификувани се и подготвени предлог политички мерки за рурален развој во кои е вклучена поддршката на ВПВ системот на одгледување на земјоделските култури и стока, со посебен акцент врз можностите за воведување агро-еколошки плаќања (вклучувајќи ја нивната поврзаност со ИПАРД програмата за Македонија). Целта на овие предложени мерки се заштита на земјоделството со високи природни вредности и враќањето на традиционалните земјоделски практики кои придонесуваат за подобрување на биолошката разновидност и социо-екониомските услови во руралните подрачја на Република Македонија;

• Постигнат резултат
Развиени се мерки кои се однесуваат на:
- Заштита на традиционалните пасишта со висок процент на полу-природна вегетација (одржливо управување со пасишта и нивна ротација);
- Одржување на природните карактеристики на пределот преку одржување на природните граници и меѓи на обработливите површини;
- Практикување на одржливи земјоделски практики, што подразбира: намалено користење на пестициди и ѓубрива, намалено загадувањето на водата и почвата, зголемена содржина на органска материја во почвата, подобрени хемиски својства, заштита на почвата и водите од загадување од земјоделски извори.
Сите мерки се насочени кон поддршка на екстензивното традиционално земјоделство. Овие предлог мерки, од името на проектот и организациите кои учестиваа во реализацијата на проектот (ДЕМ и ЦГИ) ќе бидат доставени до МЗШВ, лобирајќи истите да влезат во програмите за субвенционирање на ваквиот тип земјоделци.
• Во подготовка е "ВПВ Прирачник за Македонија" (50-60 страници) – каде ќе се прикажат значајните проектни резултати и заклучоци;
• Во тек е национална кампања спроведувана од страна на локалните членки на ДЕМ, со цел да се промовираат "скриени вредности" на традиционалните и со низок интензитет земјоделски системи во Македонија. Оваа кампања вклучува разни активности: изложба на фотографии (која ќе се реализира во 9 градови во Македонија, форуми, работилници за запознавање и на најмладата популација со вредностите кои нашата држава ги поседува и традицијата која се задржала на одделни региони. Најмладите ќе творат на тема "Заштити ја природата – зачувај го традиционалното земјоделство"; во одделни региони ќе се организираат настани под наслов "Отворени денови за земјоделците" на кои, фармери кои ги негуваат традиционалните земјоделски практики ќе имаат можност да се претстават со своите продукти на пошироката јавност. Направен е и радио и ТВ спот кој ќе се емитува на националните и локални медиуми за запознавање со проекот и на пошироката јавност, младите и практично ќе се запознаваат со традиционалните земјоделски практики посетувајќи бачило, ќе се организираат и специјални едукативни средби со студенти на земјоделскиот факултет во Штип за да се запознаат со овој концепт практикуван во Европа и др. Овие активности ќе се реализираат во следниве градови: Куманово, Пехчево, Пробиштип, Валандово, Струмица, Велес, Неготино, Прилеп, Битола, Охрид, Ростуше, Македонски Брод и Скопје.
• На крајот од проектот (кон крајот на мај 2012 година) ќе се организира завршен состанок за пренесување на резултатите од проектот и промовирање на "Прирачник за објаснување на земјоделството ВПВ ".

  • screen 1
  • screen 2
  • screen 3
  • screen 4
  • screen 5
  • screen 6
  • screen 7
  • screen 8
  • screen 9
  • screen 10
  • screen 11
  • screen 12
  • screen 13

Видео спот

Координатор: Руска Мицева